Владата ги обвинува сиромашните за загадувањето, а ја укинува акцизата за увоз на кокс

jaglen

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Додека владејачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ главниот проблем за загаденоста го лоцира во сиромашните граѓани и маргинализирани групи кои живеат во супстандардни услови , медиумите објавија информации дека индустрискиот гигант ,,Усје” само во месец јануари увезил 291 камион јаглен кокс!

Две години од доаѓањето на власт, актуелните владејачки партии не покажаа никаква политичка волја за системско решение на еден од најсериозните проблеми, само за да ги заштитат крупните бизниси кои непосредно профитираат од енормно загадениот воздух. Токму коксот претставува енергенс кој се третира како најштетно гориво (поштетен и од мазутот) и во неколку земји целосно е забранета неговата употреба. Откако бизнис-лобито бурно реагираше дека воведената акциза за кокс драстично го намалува нивниот екстра профит, оваа Влада предводена од интересите на крупниот капитал, целосно ја либерализира неговата употреба со најавениот нов Закон за акцизи. Популистичките мерки како електрични тротинети претставуваат одраз на целосната неспобност и немањето интерес власта да го заштити животот на обичниот граѓанин, со оглед на фактот дека загадениот воздух во Македонија одзема дури четири животи месечно.

Политичката партија Левица секогаш ќе се спротиставува на алчните интереси за богатење на бизнис елитите, со јасна визија дека човековиот живот (а не профитот) претставува највисока вредност во општеството.

Президиум на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ