Асанж беше уапсен затоа што го разоткри лицето на империјализмот!

56575829_283977979195384_522983508910538752_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денес беше уапсен основачот на ВикиЛикс, организацијата за откривање на владини криминали – Џиулијан Асанж – поради неговото разобличување на бруталното лице на војните за профит и империјализмот! Еквадорскиот претседател Ленин Морено му го укина азилот, по што британските полицајци влегоа во еквадорската амбасада во Лондон, го извлечкаа и уапсија.

Потегот на Еквадор не изненадува, ако се земе во предвид нивната неодамнешна „позајмица“ од Светскиот Монетарен Фонд во износ од 4,2 милијарди долари. Морено, иако водеше кампања базирана на левичарска политика и самоопределување, со овој потег се покажа како обична марионета на Западот, нешто слично на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Асанж е одговорен за објавување на голем број класифицирани информации кои ја покажуваат криминалноста и бруталноста на режимот на САД. Ова е вистинското лице на демократијата и цивилизацијата на Западот, кој не дозволува никој да ги разобличи нивните империјалстички апетити и претензии!

56575829 283977979195384 522983508910538752 n 1

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ