Поднесено барање за да се утврди дали функционери на СДСМ градат незаконски

levica

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Како што најавивме претходно, Левица денес поднесе Барање за инспекциски увид до Државниот градежен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Управата за заштита на културното наследство. Барањата се однесуваат на градежни активности (односно поставен бетон и ѕид од камења) на само пет метри од Охридското езеро, во заштитената крајбрежна зона каде не се дозволени објекти од тврда градба. Земјиштетото е во сопственост на функционер на владејачката партија СДСМ, кој изјави дека имотот е негова приватна сопственотт со која се стекнал пред неколку месеци.

Владејачката коалиција која декларативно се залага за влез во ЕУ, додека крајбрежјето на Охридското езеро се пали, уништува, гради и узурпира, должна е да ѝ објасни на јавноста како ќе ги исполни строгите критериуми за заштита на природните и културните богатства, без кои влезот во ЕУ не е возможен. Приватната сопственост не е ултимативно право на владејачкиот естаблишмент, туку таа мора да е ограничена и потчинета на јавниот интерес и заштитата на јавните добра и природни богатства! Ваквите сомнителни зделки и градења кои интензивно се одвиваат изминатиот период и за кои градоначалникот на ДУИ, Рамиз Мерко, дрско се потруди да ги оправда под изговор за “приватен имот и приватна сопственост”, докажува дека и оваа Влада работи само за бизнис интересите на поединци блиски до нив, а на штета на сите граѓани.

И покрај целиот притисок од јавноста, сѐ уште нема одговор, ниту сериозни преземени мерки од највисоките инстанци на власта, за неповратната девастација која се случува изминатиов период во регионот под УНЕСКО статус. Длабоко заглавени во корупција, скандали, самоволие на бизнис-интереси и екстремна неспособност, оваа Влада која секој ден се повикува на европскиот прогрес, мора да понесе одговорност за уништувањето на нашите природни и културни богатства заради финансиските интереси на нивните функционери.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ