Солидарност и интернационализам – со опресираните нации и народи!

57104117_287035158889666_7625687526077890560_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Владата на денешната седница донесе одлука, како чин на солидарност, да биде одвоена помош за реконструирањето на историската катедрала Нотр Дам. Иако пожарот кој вчера се случи претставува загуба и трагедија за светското културно наследство, ваквата постапка никако не може да се протолкува како чин на солидарност. Нема никаков чин на солидарност од влада која перпетуира огромни класни разлики во една од најсиромашните држави во Европа, која дозволува огромна маргинализирана популација да живее во субстандардни услови, која го распродава и уништува нашето природно богатство за багателни цени на бизнис-интересите, која болниците и здравјето на граѓаните ги уништува и приватизира со единствена цел капиталот да профитира од нашите животи! Ова не е никаков чин на солидарност и помагање, туку најфлагрантен поданички чин на една вазална власт која целосно се потчинува на интересите на моќните држави.

Истите овие држави и нивното оружје, со целосен молк во медиумите, уништуваат и бомбардираат објекти под заштита на Унеско во Јемен, додека меѓународната заедница молчи. Интернационализам и солидарност се манифестира преку солидаризирање со опресираните, угнетените и експлоатираните нации и народи – а не со нивните империјалистички агресори!

57104117 287035158889666 7625687526077890560 n

Слика од стариот град Сана во Јемен со заштитен статус на УНЕСКО, кој беше бомбардиран од коалицијата предводена од Саудиска Арабија заедно со САД, Англија и Франција.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ