Савески го изгуби судскиот спор против Левица: Апасиев останува единствен правен застапник на партијата

Пресуда троцкисти1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Изминатиот период, откако една мала група од поранешното раководство на Левица потпаднати под подлите манипулации, саботажи и фалсификати на Савески неуспешно се обиде да ја заузда антивладината критика – како еден од главните фокуси на нашата партија – започна да создава внатрешни тензии и опструкции кои го минираа целокупното фунционирање на Левица.

Сепак, ваквиот координиран обид од страна на оваа теснограда фракционерска група, која поради свои поедини лични бенифиции и потрага по комфор се обиде да ја компромитира антивладината позиција и зацртаната политичка траекторија на Партијата, беше пресретнат од страна на актуелното легитимно и легално раководство. Со поддршка на базата и поширокото членство на Левица ваквиот обид успешно беше превениран и на овие компромитирани членови им беше замрзнато членството.

Но, оваа маргинална и идеолошки застранета група – заглавена во намерите за додворување кон политичкиот естаблишмент и со поданички обзир спрема НГО сентиментот – покрај обидите бескрупулозно да се пресмета со актуелниот Президиум на Левица, покрена и тужба за промена на правниот застапник на Партијата, која после неколку одржани рочишта, мериторно им беше одбиена од страна на Основниот суд Скопје II.

Уште еднаш нашата Партија успева да ги одбие тенденциите за нејзино зауздување и компромитирање, со што – после секој обид за пуч – излегува поцврста, позрела, посилна и со јасна визија во борбата против капитализмот и империјализмот.

Борбата продолжува.

Ќе победиме!  

С к о п ј е                  

29.04.2019

Президиум на Левица

Пресуда троцкисти1

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ