Новиот градоначалник на Охрид веднаш започна со спорни градежни активности

59647059_298913241035191_8937467200810254336_o

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Веднаш после победата на локалните избори во Охрид, новиот градоначалник од редовите на СДСМ инстанто ги демонстрира своите приоритети: продолжување на градежната експанзија и уништување на зеленилото и јавниот простор по теркот на претходната власт. Локални иницијативи информираа за присуство на градежна механизација во еден од ретките паркови во градот, за која локација жителите подолго време водат институционална борба да не се изгради нова зграда. И покрај поплаките на обичните граѓани и препораките на УНЕСКО, Владата на СДСМ нема слух кога се работи за интересите на бизнис-моќниците.

Токму за новиот градоначалник Консантин Георгиески беше објавена информација дека поседува заедничка парцела со Жарко Луковски, кој е во тесни семејни и бизнис релации со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Се работи за земјиште во заштитената зона од 50 метри, при што постои основанo сомневање дека во иднина ќе никне уште еден објект на веќе уништеното Охридско крајбрежје.

Предизборните ветувања за оваа власт немаат никакво значење, волјата на обичниот граѓанин е игнорирана и маргинализирана од профитирачките бизнис-релации на власта со капиталот. Продолжуваат деструктивните политики на градежната мафија од претходната власт, овој пат проширени и надградени од новата власт на СДСМ и ДУИ, додека долгорочните последици од загадениот воздух, девастираните природни богатства и украдениот јавен простор ги трпат обичните граѓани.

Президиум на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ