Штетниот договор со ОКТА заврши и ниту еден функционер не понесе одговорност

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Деновиве истече Договорот со ОКТА, кој во 1999 година беше склучен од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Љубчо Георгиевски. Скандалозната зделка преку која беше приватизиран енергетскиот сектор, беше целосно мотивирана од бизнис-интересите на тогашните политички моќници, кои не водејќи грижа за државните интереси, склучија обврска Република Македонија да купува 500 000 тони мазут годишно, иако реалните потреби на државата изнесуваат само 90 милиони тони. Ваквиот договор го чинеше државниот буџет 40 милиони долари, исплатени поради непочитување на обврските наведени во него, при што Хеленик петролеум поднесе повторно тужба од 32 милиони долари, иако компанијата Окта беше купена за 32 милиони долари пред 20 години.

И покрај претрпената штета на државните интереси, ниту една влада досега не иницира одговорност за тогашните функционери. Напротив, Љубчо Георгиевски е моментален коалиционен партнер на Владата и еден од главните агитатори за т.н. Преспански договор. Токму затоа оваа Влада, составена од амнестирани криминалци, поранешни корумпирани функционери и бизнисмени со сомнително стекнато богатство, не може да биде заштитник на државните и јавните интереси, ниту гарант за просперитет и развој на Републиката.

Иако Регулаторна комисија демантира дека новата регулатива ќе предизвика ценовен шок за обичните граѓани, останува спорен моментот дали компаниите од нафтениот бизнис ќе го добијат бараното зголемување во делот на маржата за која се бара да биде повисока, односно од сегашните 3,2 да се зголеми на 6 денари. Евидентна е тенденцијата за пораст на цените на горивата, кои се зголемени за повеќе од 14% од доаѓањето на „коалицијата за живот” на власт, додека платите на работниците стагнираат и трошоците за живот се зголемуваат. Токму приватните компании од бизнисот со нафта бележат континуиран раст на своите приходи, остварувајќи милионски приходи од зголемените цени на горивата кои најмногу удираат по џебот на сиромашните граѓани. 

Потребно е целосно реструктуирање на сегашниот модел на снабдување со електрична енергија каде јавниот интерес и задоволувањето на основните потреби на граѓаните ќе претставува главен приоритет, а не луксуз и извор за генерирање милионски профити од шака бизнисмени тесно поврзани со секоја владејачка гарнитура.

Президиум на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ