Безбедноста на народот не може да ја гарантираат капиталот и газдите


Без разлика која партија е на власт, тенденцијата на приватизација на државата продоложува со се посилно темпо. Претходно, со почетокот на транзицијата, едните си го поделија општествениот имот по партиска линија, потоа кога веќе не остана што да се продаде од државните претпријатија, другите го почнаа процесот на реприватизација преку фамозното „јавно-приватно партнерство“ како најперфиден начин за развивање на приватен бизнис со народни пари.

Но, денеска се појави неформалниот предлог за ангажирање на приватно обезбедување на објектите на АРМ и Министерството за одбрана. [Нео]Либерализмот, како тенденција за намалување на ингеренциите на државните органи и државните услуги, го достигна својот врв на пазарен фундаментализам кој сите овие години корпоративно ја покорува државава. Со ова уште еднаш, по којзнае кој пат, се покажува бракот помеѓу власта и газдите при нивната поделба на народните пари. Ваквото барање беше истакнато од претседателката на Комората за приватно обезбедување – токму оној картел кој највеќе би профитирал од приватизацијата.

Безбедноста на народот е највисок приоритет на секое општество и треба како таков да се цени – нешто што е невозможно во режим во кој капиталот е на власт. Затоа, Секторот за Надворешна Политика и Безбедност на Левица се залага за Народна Армија чија обука би вклучувала и учење на политичките вредности на приоретизирање на народните интереси, а не само техничко-физичка подготвеност. Приватните чувари се приватна војска на газдата што ги плаќа и од нив не може да се очекува ништо повеќе од слепа послушност на фирмата што ги плаќа.

„Војник без политичка или идеолошка обука е потенцијален бандит.“ – Томас Санкара

Реакција на Секторот за Надворешна политика и Безбедност

Социјални мрежи:
error0