Импровизирани живеалишта во македонските депонии

lev

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Низ Македонија, поради несоодветната економска состојба и (не)грижа на државата се создаваат сѐ повеќе импровизирани живеалишта и населби; многу од нив се наоѓаат покрај депонии и други несоодветни места за живеење. Повеќето од луѓето кои живеат во овие несоодветни места и субстандардни услови се семејства од ромското малцинство,, што го прави исходот на овој сериозен социјален проблем и од етничка природа.

Поради дискриминација и економска маргинализираност, одредени членови на овие заедници се доведени до вршење на активности како неформално собирање на рециклиран отпад, или пак палење на отпад со цел продажба на бакар и други суровини на црниот пазар. Тоа претставува и сериозен еколошки проблем со кој институциите историски се покажаа дека не можат да се справат.

Дополнителен проблем е и тоа што овие лица се без било какви документи, односно претставуваат нерегистрирани лица. Владиниот сектор и институциите се покажуваат како незаинтересирани за овие проблеми, или пак нивните решенија се импотентни и неадекватни. Наместо да се справат со клучните причини, тие одбираат да ги напаѓаат најмаргинализираните и најранливи членови на општеството, ефективно казнувајќи ги за својата сиромаштија. Иако од 2014 година, па до денес, постои т.н. „Стратегија за Ромите“, нејзината имплементација е незадоволувачка, како и средствата одделени за неа.

Според проценките, во 2011 година во Македонија претстојувале околу 411 лица без документи, број кој делува незначителен доколку Владата не процесира само 30-50 случаи годишно. Доколку би се одвоиле реални средства за овој проблем, наместо трошење на НАТО интеграција и на воениот сектор за империјалистички цели, тој проблем веќе би бил решен. Од друга страна, темелно решавање на овој проблем би значело одење против интересите на криминалната фела која се богати на товарот на обичните граѓани.

Причините за трајно решение на овој сериозен проблем се суштински и тие се следниве:

– Несоодветна инфраструктура на живеење; иако постојано се градат станбени објекти, становите во истите седат празни, а се недостапни за обичните граѓани со просечни или ниски примања.

– Дискриминација при работното место и маргинализација кои ги форсираат овие граѓани во сивата економија.

– Несоодветно образование и немање средства за истото; иако образованието е право на секој граѓанин, најсиромашните немаат средства за да ги праќаат своите деца на училиште.

Програмата на Левица ги предлага следните мерки за решавање на овие проблеми:

– Зголемување на средствата одвоени за натурализација на лицата без документи и нивна ефикасна употреба.

– Национализација на живеалишта и обезбедување на дом за секој граѓанин на Македонија.

– Вклучување на неформалните собирачи на рециклиран отпад во интегрираниот градски комунален систем, преку легализирање на нивниот работен однос и подобрување на условите за работа.

Сектор за демократија и човекови права

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ