Реформи и напредок нема да има додека се штити корупцијата на оваа власт

59647059_298913241035191_8937467200810254336_o

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Само недела дена откако генералниот секретар на НАТО ја пофали Република Македонија за напредокот во реформите и владеењето на правото, уште еден скандал ја потресе коалицијата на СДСМ и ДУИ, каде тројца фунцкионери од ДУИ незаконски се здобиле со наставно-научни звања на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово. Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски кој го откри скандалот денес во своето писмо до јавноста објави дека добивал закани од директорот на Државниот просветен инспекторат за да не го открива очигледното кршење на законот од страна на владините функционери. Евидентно е дека и оваа владејачка коалиција се обидува да ги сокрие скандалите, користејќи и закани, само за да избегне политичка одговорност за корумпираните фунцкионери од своите редови.

Еден од нив е актуелниот министер за образование Арбер Адеми, кој го доби ресорот-образование после неговите катастрофални резултати како министер за култура. Скандалозно е што највисоката инстанца како министер ги крши и злоупотребува законите за своја лична корист, наместо да ги унапредува образованието и просветната дејност кои системски се уништени токму поради партиски дилови помеѓу сите досегашни владејачки партии. Образованието, како и сите останати јавни дејности, е претворено во биро за непотизам и корупција, чија единствена цел е да се задоволат лукративните интереси на клиентилистичките партии, а на штета на квалитетот, стручноста и професионалноста на образовната дејност.

Метлата треба да започне токму со оставка на министерот за образование Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нихиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули. И покрај пофалбите за нелегитимната промена на името од западните бирократи и наводните реформи на оваа власт, овие две години македонските граѓани постојано сведочат злоупотреба на законите и Уставот, партизирано судство и институции и заштита од одговорност на партиските корумпирани функционери. Режимот не е паднат, тој е продолжен и надограден со поддршката на НАТО-сојузот и европските бирократи!

Президиум на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ