Понизните политики на СДСМ не вродија ниту со датум за преговори

Europe-Dialysi

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во бесмртните зборови од човекот на кого СДСМ му намести тендери вредни стотици илјадници евра, Сашо Мијалков: „Каменот од блиску доаѓа“.

Понизните политики на СДСМ околу надворешната политика, очекувано, не вродија ни со симболичен резултат. Одбивањето да се изгласа датум за преговори од страна на земјите-членки на ЕУ е очекувано за секој што не ја голтна (доброволно или присилно) ефтината пропаганда на владеачките социјал-демократи.

Европската Унија е пред се, бирократска унија чија главна цел е слободниот проток на капитал. Оваа слобода на капиталот имаше тенденција да ја зголеми и слободата на проток на луѓе во вечната трка да се најде што поефтина работна рака. Но, трендот завзема спротивен правец во последните години, барем кај генералното население од земјите-членки на ЕУ (посебно оние со распаѓачка или непостоечка социјална држава) и по сѐ, изгледа дека ги видовме максималните граници на она што Западот го смета за „Европа“.

Токму земјите членки кои најмногу притискаа за промена на името и прифаќање на понизните договори со Грција и Бугарија се оние кои ефективно го блокираат влезот на Македонија во ЕУ. Што повторно, не треба да нѐ изненади – лицемерието на Европа е бескрајно.

Најмоќните земји членки на ЕУ вршат геноцид, додека продаваат човекови права; имаат вртоглава неедаквост во примања, додека продаваат еднаквост на секое поле; уживаат во придобивките од (нео)колонизацијата, додека продаваат сувереност; поддржуваат купување и уцена на гласови како и непочитување на резултати на референдум, додека продаваат демократија!

На Република Македонија не ѝ требаат такви „пријатели“!

Президиум на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ