Реакција до Амбасадата на Франција по повод денешната изјава на амбасадорот Тимоние


Денешната Ваша изјава каде прејудицирате дека Република Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ до крајот на годинава, а и во блиска иднина, е врв на хипокризија во контекст на Вашите активности и заложби од минатото, каде не само што замижавте пред отвореното кршење на законите и свесното прескокнување на процедурите при формирањето на оваа Влада – туку и ги поддржавте нејзините понатамошни активности при спроведувањето на Преспанскиот договор, на „балкански“ начин и спротивно на резултатите од спроведениот референдум.

Независно од Вашата хипокризија, Вие сте сосема во право со денешната Ваша изјава и упатените остри критики кон актуелната власт, па дури сте и преблаг.

Прашањето за кое во моментов е заинтересирана целокупната македонска јавност е дали изјавата каде Вие наговестувате дека за Македонија нема датум во догледно време е Ваш личен став или е тоа позиција и став на официјален Париз.

Социјални мрежи:
error0