Oставка и кривична одговорност за заканите на заменик-министерот Нухиу кон инспекторот Илиевски

lev

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

Веќе два месеци нема никаква одговорност или иницирана постапка за откриениот скандал на Тетовскиот универзитет, каде кадри на ДУИ и актуелни функционери незаконски се стекнувале со научни звања и ги злоупотребувале буџетските средства. Со ново писмо до јавноста инспекторот Илиевски кој го разоткри скандалот повторно потенцира дека добивал закани од заменик-министерот на МВР Агим Нухиу, овој пат кон неговото семејство! Ова е огромен скандал за функционер од највисоките редови на власта, кој преку злоупотреба на својата позиција и моќ се обидува да го спречи извршувањето на законските прописи заради лична корист.

Очигледно е дека Тетовскиот универзитет, каде функционерите на ДУИ незаконски се стекнуваат со материјална корист, е недопирлив за органите на прогонот кои се под директно влијание на заменик-министерот Нухиу. Скандалозно е што речиси два месеци инспектор трпи закани и притисоци од највисоки владини функционери, додека Основното Јавно Обвинителство нема иницирано никаква постапка. Очигледно е дека и со новиот режим на СДСМ под диктат на НАТО, законите и органите на прогонот служат само за гонење на ситните криминални на обичните граѓани.

Дали Владата на СДСМ и ДУИ која насилно и противуставно менуваше име на државата во име на евро-атлантските интеграции, со закани од фунционери и прикривање корумпирани скандали ќе го гради прогресот на оваа држава? Предреферендумските ветувања за промена на името кои наводно ќе донесеа демократија и европски реформи станаа фарса за обичните граѓани кои секојдневно ги сведочат криминалите, заканите и насилството на новата Влада на СДСМ и ДУИ. После една година, повеќе од јасно е дека уценетата промена на името беше реализирана само заради интересите на домашните и странските елити и нивните геополитички планови. Токму затоа, сите погубни национални и економски политики која ги донесе оваа анти-работничка власт мора да бидат поништени и ваквите криминални партии кои ги распродаваат националните и државните интереси засекогаш да бидат избришани од политичката сцена.

Президиум на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ