Не само оставка, туку и кривична одговорност за Заев!

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во снимените разговори помеѓу премиерот Заев и оние што тој мисли дека се Столтенберг и Порошенко, Заев се однесува крајно недржавнички и со интенција за криминално дејствие. Настрана неговата екстремна неспособност да препознае дека е мета на шега, тој во разговорот се обидува да нуди мито во износ од 100 000 евра за Вселенскиот Патријарх. Ова е кривично дело и за тоа тој мора да одговара, бидејќи една од уставните темели на Република Македонија е еднаквост пред законите.

Дополнително, во разговорите премиерот издава државни тајни, заговара промена на границите, открива како лични податоци на странски официјални лица така и стратегијата на оваа неспособна вазалска власт. Ваквото однесување, согласно со реакциите, придонесува на дестабилизација не само во Македонија туку и во целиот регион. Сево ова заедно претставува велепредавство на националните интереси и уште еден показател за неговата некадарност да ја извршува должноста на премиер, човек кој би требало да му служи на народот а не да го угнетува и загрозува.

Затоа, идна власт на Левица би се погрижила Зоран Заев кривично да биде гонет и да одговара за ова како и за сите други негови злодела.

Президиум на Левица


Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ