БОРБАТА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ Е ОЧАЈНИЧКА СЛАМКА ЗА КОЈА СЕ ФАЌА СДСМ

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

Најавениот план на Владата за одлучна акција против ширење на дезинформации, е ништо повеќе или помалку од еуфемизам за сервилна цензура на неистомислениците и критичарите на оваа власт, кои довербата од народот одамна ја имаат изгубено.

Од самиот почеток на своето владеење, СДСМ спроведува мерки на цензура кои делуваат дистописки. На многубројните закани за кривично гонење на поединци од страна на Владата и премиерот Зоран Заев за време на предреферендумската кампања, кои во својата форма и суштина се совпаѓаат со оние на Рашковски денес, претходеше основањето на озлогласеното „министерство на вистината“, тело составено од стотина ФБ пропагандисти и онлајн полицајциземени директно од невладиниот сектор и наградени за својата неуморна борба да ги донесат социјалдемократите на власт.

Новите бомби и скандали со кои деновиве се опкружени социјалдемократите дополнително го зголемуваат притисокот и навестуваат дека крајот е блиску. Во својата паника, тие веќе се обидуваат да извршат притисок врз новинарите Љупчо Златев и Горан Момировски, повикувајќи ги на информативни разговори. Со тоа, СДСМ се обидува јасно да упати порака дека секоја критика кон нив може да го загрози критичарот. За нивна несреќа, таа порака не резонираше успешно кај граѓаните, кои уште посилно удрија по социјалдемократите, па сега дојде време за нови мерки, „анти-дезинформациски“.

А како власта ќе го оценува нивото на дезинформации во една вест? Дали репер ќе им биде, можеби, референдумската кампања полна дезинформации која што ја водеа, ако може да им се верува, за Европска Македонија? Или можеби нивната предизборна програма, која што ветуваше 500 евра плата? Ќе го санкционира ли СДСМ ширењето на дезинформации од страна на Саше Политико и неговиот таканаречен медиум, Мактел, или пак ваквите дезинформации од провладините медиуми ке бидат добродојдени па и некои наградувани?

Посебно боде во очи, и уште еднаш ја обелоденува сервилноста на власта, делот од соопштението кое што наведува дека предлог акцискиот план е сублимат на процеси, проекти, мерки и препораки за борба со дезинформациите, изработен како резултат на следењето на мерките на Европската Комисија, Секторот за комуникации на НАТО, како и Комитетот на експерти за квалитетно новинарство при Советот на Европа. Интересот на НАТО и ЕУ јасно е спротивставен со интересот на повеќето народи и држави во светотот – народи кои се угнетени и на чиј грб живее Западот, држави каде што недостаток на „слободен“ пазар, т.е. пазар над кој САД има контрола и на кој американските мултимилијардери профитираат, значи и недостаток на демократија и човекови права, за кои лекот секогаш е старото, проверено бобмбардирање. Западот се обидува да ја протне својата пропаганда против овие народи и да сузбие се што го подрива „ЕУ ќе не храни, НАТО ќе не брани“ едноумието. СДСМ, кои се плашат дека ќе ја изгубат власта и се во мисија да и покажат на меѓународната (повторно еуфемизам, за Западната) заедица дека се најсубмисивната можна власт на овие простори, во своето соопштение покажауваат дека се спремни сервилно да ја спроведуваат Западната пропаганда и цензура.

На крај, независноста на медиумите во денешното општество е илузија. Медиумите ја шират пропагандата на оние кои имаат моќ во државата, на оние кои го поседуваат капиталот, на оние кои се на власт. Јасно е како бел ден дека една половина од медиумите се на страната на СДСМ и шират дезинформации во корист на Заев, друга половина од медиумите се на страната на ДПМНЕ и шират дезинформации во корист на Мицковски, а на прсти можат да се избројат тие неколку медиуми кои ја заземаат страната на работниот народ во државата. Затоа борбата против дезинформации е комплетна фарса – ниту СДСМ ќе ги укинат медиумите на ДПМНЕ, ниту ДПМНЕ ќе ги укинат медиумите на СДСМ. Единствените кои ќе бидат реално погодени се оние кои доследно се критични кон сите бизнис партии и застануваат на страната на сиромашните, обесправените, угнетените, работниците.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ