Заложбите на Владата за Охридското езеро се исти како и извештајот во Баку – лажни!

67324079_351787299081118_5543867030316253184_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

67324079 351787299081118 5543867030316253184 n

Додека владата на СДСМ шири хистерија за надворешни непријатели, локалната мафија со тешка механизација гради директно во водите на Охридското езеро. 

Сликата е од градежни активности пред селото Радожда, при што потпорниот ѕид се наоѓа внатре во водите на Охридското езеро. Ова самоволие на партиски моќници е надвор од секаква уставна и законска регулатива и се коси со се она што беше презентирано во Баку од страна на владината делегација. Под притисок на градежната мафија, која со децении е во коруптивна спрега на бизнис-интереси со елитистичките партии на власт, ниту оваа криминална влада на СДСМ и ДУИ не е способна да го заштити јавниот интерес пред јуришот на приватниот капитал. 

Токму владата на СДСМ е препознатлива по системското рушење на заедничките добра од народот заради нивна приватизација и капитализирање на олигархијата создадена од нив, пракса која предизвика погубен ефект во секоја сфера од државата. Спроведувањето на (нео)либералните политики целиот овој транзициски период во Република Македонија послужија единствено за распродавање на општествените и природните добра заради интересите на домашниот и странскиот капитал. Ова е причината поради која Охридското езеро денес е во опасност да стане загрозено наследство. 

Потребни се радикални системски зафати за санирање на направената неповратна штета на државата, како ревидирање на процесите на издавање на концесии и дозволи за градење, управување со природните богатства од страна на експертски тела наместо од приватни бизниси и градење државна економска политика водена во интерес на мнозинството граѓани, наместо фокусирање на профитабилноста на бизнисите во рацете на малкутемина.

levica logo tekst

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ