Македонија останува „инвестициски рај” за газдите, а пекол за работниците

lev

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

Македонија останува „инвестициски рај“ на сметка на работничката класа, која продолжува да плаќа висока цена за тоа. Пред неколку дена се случи втората несреќа на работно место овој месец во рудниците кои се сопственост на бугарската фирма „Булмак“. Во хармонија со стандардниот начин на функционирање на работите во Македонија, оваа анти-работничка клима е целта на стремежите на сите влади од осамостојувањето на Републиката до денес. Ниските плати и немањето заштита на работно место, даночниот рај за инвеститорите и сервилната бизнис-ориентирана влада се само составни делови на воспоставената институционална рамка – чија единствена улога е да биде заштитник на непречената експлоатација на државните ресурсите, без разлика дали се тие во форма на работна сила или природни ресурси, од страна на неколкумина економски моќници.

Како резултат на оваа анти-работничка политика улогата на сидикатите, во најдобар случај, е сведена на советодавна при носење на легислатива која никој не ја почитува. Доказ за ова претставува фактот што ниту еден сопственик до денес не одговарал за несреќа при работно место од кои дел имале и смртни последици. Проблемите со кои сме денес соочени, непосредната тегоба на бедната секојдневна егзистенција, лишеноста од достоинството во контакт со оние кои се економски и социјално над нас, ризикот од повреди и смрт на работното место не можат да се искоренат со мољакање кај оние кои ни ги одземале. Тука и е главното потфрлање на сите синдикати до сега – нивното одбивање да излезат од сферата на циркулацијата на стоката (и работната сила е стока, а платата е само цената со која што се купува работната сила), лековерното задоволување со трошки, со ситни промени во легислативата која што ја прават истите од кого им биле ускратени од сам старт.

Секако дека се важни овие трошки, но што правиме со тоа што овие битанги кои ни го ускратуваат достоинството да живееме достоен живот, кои паразитираат на нашиот труд, кои ги прават овие концесии во наша корист давајќи ни трошки, продолжуваат да бидат владетелите на денешницата? Толку ли е изненадувачки што во првиот момент кога ќе им биде укажана приликата, тие ќе земат назад сѐ што ни „дале“ со камата?

Работнички права, повисоки плати, заштита на работното место – тоа се идеали за кои вреди да се бориме. Но, за да не останат само идеали, борбата треба да биде против оние кои нив ни ги одземале, да се стреми кон рушење на општествениот хиерархиски врв на кој тие се наоѓаат, пред сѐ политички, а наредно и економски. За да нивната реализација не е само ефемерно задоволување на нашиот глад, власта мора да биде одземена од рацете на олигархијата и да припадне во рацете на работниот народ, бидејќи само нашиот интерес е, како експлоатирана класа, да го укинеме експлоатирањето.


Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ