Борбата за идеалите за Македонија продолжува!

67364637_10205761116424880_9212090321704321024_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Политичката партија Левица им го честита на македонските граѓани големиот празник 2 aвгуст Илинден, денот на отпочнувањето на Илинденското Востание и денот на првото заседание на АСНОМ и удирањето на темелите на современата македонска држава. За жал годинешното чествување се одвива во длабока сенка на насилното наметнување на креатурата “Северна” на народот на оваа мала и напатена земја. Додека на Мечкин Камен и Пелинце се читаат свечените говори, во позадина се растураат и последните темели на АСНОМ-ска Македонија толку тешко изборени со крв во Народноослободителната Борба.

Социјалното ослободување за кое се бореа партизаните денес е намерно потиснато и заборавено. Со криминалната приватизација од 1991 година до денес се уништија социјалните темели на Републиката и македонскиот работник се врати во наемното ропство на газдите. Од работници нѐ поделија на етникуми и денес паразитираат на нашата неслога.

Затоа денес на овој голем ден Левица како единствена работничка партија не ги заборава илјадниците работници кои ќе бидат приморани да работат. Кои и за најголемите празници не можат да се одморат и да бидат дома со своите семејства. Секој во оваа држава има право на достоинствен живот и затоа Левица ве повикува да застанеме сите заедно без разлика на вера и националност и да се избориме за тоа што ни припаѓа! Ќе чествуваме и славиме кога одземеното ќе биде вратено, сега се подготвуваме за борбата што претстои!

Честит Илинден!
Президиум на Левица


Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ