Соопштение по повод одлуката на Апелационен суд

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Ја информираме јавноста, поширокото членство и симпатизери за конечната разврска околу судскиот спор кој Левица го водеше со една мала група собрана околу Здравко Савески, кои беа дел од претходното раководство на Партијата;

Оваа група со своите тесногледни идеолошки позиции, откако беа спречени во нивниот обид да ја саботираат и компромитираат Партијата, им беше замрзнато членството и беа сменети од страна на актуелното раководство на Партијата. Сето ова резултираше со тужба против Левица од нивна страна, која мериторно беше одбиена од страна на Основниот суд Скопје II. За понатаму тие да поднесат и жалба пред АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ. Пред неколку дена стигна решението и од АПЕЛАЦИЈА: ЖАЛБАТА СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА!

Ваквата одлука се надеваме конечно ќе му стави крај на штетното влијание на оваа група, која создаваше внатрешни тензии и опструкции целосно минирајќи го функционирањето на Партијата. 

Сплотени и охрабрени од нашето членство и останатите поддржувачи и симпатизери, а најмногу мотивирани од моменталната вазалска, криминална и корумпирана Влада остануваме на борбата за социјална правда и градење на народно и работничко движење кое ќе се бори да ја врати сувереноста на Републиката и да го ослободи работникот од современото ропство во кое се наоѓа.

67814944 353726218887226 8470153262694137856 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ