СДСМ дели концесии за хидроелектрани на фирми од ДУИ и покрај протестите на локалните жители

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Додека жителите од село Вратница, Тетовско од 2014 година се борат против двете приватни хидроелектрани планирани да се градат во овој предел, владата на СДСМ во мај оваа година издаде концесија за трета хидроелектрана и покрај бројните протести на локалното население! Односно, концесијата за оваа хидроелектрана ја доби компанијата „Еуровија”, каде како коосновач се јавува Елмедин Адеми, роднина на поранешниот министер Абдилаќим Адеми од редовите на ДУИ.

Локалното население неколку години со протести и жив ѕид го бранат овој предел, за кој самите сведочат дека водниот тек и сега е на биолошкиот минимум, поради што изградба на мали хидроелектрани би имале катастрофални последици, наспроти малата ефективност на самите хидроелектрани.

Ваквиот проект со мали приватни хидроелектрани кој го започна претходната влада, во минатото се покажа како екстремно неефикасен поради пресушените водни текови и уништениот биодиверзитет, често предизвикани од лошото работење на самиот инвеститор, што директно ја таргетира егзистенцијата на локалното население. Со оглед на фактот дека во бизнисот со мали хидроелектрани се директно инволвирани неколку видни функционери од власта и опозицијата, како Кочо Анѓушев, Христијан Мицковски и поранешни министри на ДУИ, евидентно е дека единствениот мотив за нивно градење е остварување профит, наместо изнаоѓање одржливи начини за добивање енергија. 

Во обид да ја прикријат својата комплетна неспобност за управување со природните и општествените добра, како и желбата за екстремно богатење на неколку поединци,  владата на СДСМ засилено се обидува да ги приватизира сите општествени сегменти и покрај разорните последици кои нашата држава ги има претрпено од либералните процеси, како приватизацијата на државниот имот. Ваквите крупни инвестиции за управување со природните ресурси кои треба да претставуваат објекти од јавен интерес, не смеат да бидат препуштени на неколку бизнисмени со сомнително стекнат имот, водени единствено од логиката на максимизирање на профитот, а на штета на јавниот интерес и животната средина.

levica logo tekst

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ