Ребалансот на буџетот уште една алатка во трансакциите помеѓу капиталот и Власта!

lev

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Тазе најавениот ребаланс на буџетот уште еднаш покажа дека оваа Влада е целосно во рацете на бизнис лобито и дека практично, највисоките функционери во Владата се тесно врзани со приватните интереси на капиталот во оваа Влада. 

Освен популистички операции на префрлања од шупливо во празно, видовме дека драстично е намален износот на капиталните инвестиции. Ова, веќе по којзнае кој пат, е само доказ дека Владата нема апсолутно никаква визија, а уште помалку интерес за тоа како да создаде нова реална вредност. А и во граѓанските економии каде добрата и услугите се привилегија на малкумина, буџетот е само еден обичен документ кој служи за одржување на гломазната паразитска администрација, која единствено претставува гласачка машинерија и ПР алатка на Власта!

Симптоматично е зошто Нина Групер токму сега прифаќа да биде министерка за финансии – на година дена пред редовните парламентарни избори и составувањето на нова влада? Таа, како профил нема пласирано ниту еден политички став во јавноста, уште помалку се има идеолошки профилирано и за која не знаеме речиси ништо – освен дека има приватен бизнис од кој акумулира капитал преку исплаќање на минимални плати за работниците. Оттука, сомнителен е и личниот интегритет на Нина Групер, како тазе министерка чија прва задача е токму буџетскиот ребаланс!? Се поставува прашањето, колку навистина министерката е запознаена со целите и намерите на ребалансот? Или пак таа е тука само како обичен административен службеник кој формално министерска ќе му биде само платата?! Секако, пропратно и да ја искористи можноста, за возврат нејзиниот бизнис да се стекне со дополнителни привилегии во државата?

Откако олигархот Кочо Анѓушев беше назначен за вицепремиер, сега и дополнително за раководење со финансиите е назначена Нина Групер како уште една алка во синџирот каде се испреплетуваат приватниот капитал и државата, односно Владата. Очигледен е конфликтот на интерес на новата министерка како бизнисменка и спроведувањето на дури и декларативни политика за прераспределба на богатството. 

levica logo tekst

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ