Правдата не може да биде испорачана преку договор на елитите

70429007_383398025920045_5663261782500704256_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Имајќи ги во предвид последните неколку години, слободно може да се заклучи дека во политичкиот систем на Република Македонија лидерските средби израснаа во централна политичка институција каде се крои судбината на народот, далеку од неговите очи и спротивно на неговата волја.

Низ целиот овој транзициски период на независна Република, во речиси секој покрупен криминал на некој начин биле вмешани високи функционери од двете партии кои неизменично се менуваат на власт. Па во преговорите за правдата на ваквите елитистички средби неретко учествуваат и осомничените во криминалите, а скоро секогаш нивни блиски сопартиски соработници. Поаѓајки од сето ова, психолошки сулудо, а политички во најмала рака е индикативно да се очекува дека вакви компромитирани личности и клептократски здруженија ќе се заложат за правдата да ја види дневната светлина – напротив! Тие, ваквите средби ги искористуваат како платформа за меѓусебен пазар каде сметката секогаш ја плаќа народот.

Таков беше случајот со СЈО, како специјална институција која требаше да ги разреши криминалите на претходната гарнитура, но истата се претвори во политички бордел на актуелната власт и меѓународната заедница преку која се уценуваа парламентарци да гласаат против волјата на народот. За подоцна, како што видовме и од аферата „Рекет“ високи функционери од власта СЈО да го искористат за лукративни цели, а пак партијата која го предводи мнозинството во власта, за да си обезбеди медиумска наклонетост како и послушност и безрезрвна – на моменти дури и перверзна – похвала од разните „новинарски бардови“.

Впрочем, после вчерашното гласање во Собранието, кристално јасни станаа намерите на владејачкото мнозинство, кое со 58 гласа го одби предлогот за разрешување на приведената специјална обвинителка во оставка Катица Јанева.

За правда не се потребни само институции, процедури и нормативни одредби, туку потребни се личности со кредибилитет и личен интегритет и без транзициски багаж. Правдата ќе стигне кога народот ќе ви пресуди!

Промена, а не замена!

levica logo tekst

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ