Болните се лечат во субстандардни услови во лажниот просперитет на СДСМ

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Веќе 30 години од секој владејачки естаблишмент народот слуша за просперитетот на евро-атлантските интеграции и за “компромисите” во име на просперитетот, додека се разграбува и приватизира државата од шака олигарси создадени токму од криминогените партии на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ.

Како ќе им го објасни премиерот Заев на пациентите во струшката болница ваквиот хорор што вчера го преживеаа, додека владата одвојува три милиони евра за канцеларии за НАТО? Најзагрозените и болните се сместени во мизерни и субстандардни услови, покриени со најлони, услови кои се под секаков минимум на човековото достоинство. За каков “просперитет и живот” се фали владата на СДСМ, која троши милијарди на НАТО-интеграциите и луксузите на нивната партиска бирократија, додека болните се лечат во руинирани болници нереновирани од минатиот век? За какво “ослободување од заробена држава” зборува пиар владината машинерија, додека болните се заглавени низ лавиринтите на опустошеното здравство?

Оваа ужасна слика е резултат на тридецениското лукративно владеење на политиканти без никакви државотворна визија, политиканти за кои основна визија е акумулирањето богатства преку приватизирање на јавните и општествените добра. Неиделошките, анти-народни партии СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ треба целосно да се избришат од политичката сцена и конечно да одговараат пред народот за сите злосторства кои ги учиниле врз неговата материјална и духовна состојба!

https://www.facebook.com/voxstruga.mk/videos/385457782392997/?t=11

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ