Лисичани на протест за сообраќајната безбедност

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Поттикнати од ужасната сообраќајна опасност и брзото возење со кои се соочуваат секој ден, утринава револтираните жители на населбата Лисиче излегоа на протест, притоа блокирајќи го булеварот „12-та Македонска бригада“. Овој булевар важи за т.н. „црна точка“ за несреќи; во рок од пет години на оваа улица се регистрирани дури 19 сообраќајки, некои од нив смртоносни.

Иако до Град Скопје било поставено барање за поставување на семафори за да се реши овој проблем, наместо тоа се поставени вибрациони ленти и асфалтни перничиња, мерки кои, иако претставени од градот како „поефективни“, секојдневно се докажуваат како сосема спротивното. Со несоодветна и непрегледна сообраќајна сигнализација, оваа улица до ден-денес претставува секојдневна опасност за пешаците и за возачите, проблем кој одбива да се реши веќе години наназад.

И покрај нивните ветувањата дека „интензивно се работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот“, од општината и градоначалникот – ни збор. Напротив, единствено што се чинат способни е префрлање на вината; додека жителите на Лисиче се справуваат со опасноста по нивните животи, општинските и градски власти си играат класичен бирократски пинг-понг со одговорноста. На крај, ништо не е превземено, тоа што е превземено е незадоволително, а со последиците ќе се сноси лисичанецот. Се разбира, брзото возење е проблем кој е секојдневие и во општина Аеродром пошироко. Секоја ноќ граѓаните на општината се ставаат во ризик. Несовесните возачи остануваат неказнети, а валидни мерки за безбедност – сѐ уште нема.

Граѓаните најавуваат протест пред општината од 17 часот, како и понатамошни протести додека проблемот не се реши.

Реакција на ЛО Аеродром.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ