Поништувањето на Преспанскиот договор ќе биде првиот чин кон ослободувањето на македонскиот народ!

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

После само една година од пропаднатиот референдум клептоманските планови на власта се реализираат со полна пареа!

Помина само една година од референдумот, кој и покрај тоа што беше неуставно и противзаконски распишан; поставеното прашање на истиот беше крајно манипулативно; кампањата на власта како негов протагонист и предлагач беше максимално агресивна, коруптивна и во крајна линија лажна; на крај резултатот беше недвосмислен: референдумот е НЕУСПЕШЕН! А тоа го потврди и ДИК кој соопшти дека „референдумската одлука не е донесена“.

Но и покрај сѐ, Владата на чело со СДСМ, подучена од меѓународната евро-атлантска заедница, иницираше промена на Уставот и за таа цел се послужи со уцени и закани на пратеници, подмитување и други облици на трговија со правдата; сето тоа заради задоволување на странските интереси и лични хирови на одредени нивни дипломати во земјава.

Подоцна, еве после една година од пропаднатиот референдум, преку аферата „Рекет“ се надзира многу подлабокиот мотив на власта за нивниот вазалски однос кон евроатланските дипломати. После сѐ, Македонија тоне во корупција, непотизмот и партизацијата директно се вбризгуваат во институциите на системот, различното мислење и став институционално се репресира, казнува и задушува. Накратко, розевата визија на власта за животот во Македонија се промени во шарена лага. Единствено останува да цвета само бизнисот на високите функционери од владејачката коалиција.

Преспанскиот договор – и од него произлезените уставни измени за промена на името против волјата на народот – е само најекстремната точка на империјалистичкото влијание во сите овие изминати години. Сето ова со единствена цел приватизација на државата во целост, со крајна намера за продолжување на економското ропство на народите од периферијата на ЕУ во корист на државите од нејзиниот центар.

Поништувањето на Преспанскиот договор и од него сите произлезени уставни измени ќе биде првиот чин на конечното ослободување на македонскиот народ во целост!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ