Чесните Албанци повеќе нема да војуваат за фотељите на Груби и Ахмети, ниту за лимузините на Мерко!

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица како единствена надетничка партија најостро реагира на изјавите на пратеникот Артан Груби од редовите на ДУИ каде тој недвосмислено во името на сите Албанци се заканува со ВОЈНА ако законот за јазици не се спроведе! Пред само неколку дена Биљал Касами лидерот на БЕСА имаше слична изјава каде за Радио Слободна Европа инсинуираше дека ако не се поставуваат Албанци на високи државнички функции Македонија на секои 10-15 години ќе се соочува со политички кризи.

Се поголемата импотентност на партиите во условно “албанскиот политички блок” станува се поочигледна каде тие веќе со децении на својот електорат неможат да му понудат ништо друго освен да се натпреваруваат “кој од нив е поголем Албанец” а за возврат ги бараат толку посакуваните државнички фотељи кои за нив вредат милиони евра. Додека албанските политичари од Македонија заедно со нивните македонски колеги се возат во луксузни автомобили и живеат во “бели дворови” обичниот Албанец заедно со обичниот Македонец трпат за леб. Не изненадува ни молкот на вечните душегрижници за човекови права од невладините организации кои останаа неми на овие фашизоидни изјави и очигледно ширење на меѓуетничка омраза.

Левица на сите шовинисти, клеро-фашисти и фашисти и од двата политички кампови јасно им става до знаење дека обичниот народ не е нивен инструмент за поткусурување! Албанците во оваа држава не се ничие страшило, тие имаат живеено со векови до своите македонски комшии во мир и така ќе продолжи и понатаму. Меѓуетничката омраза не дојде од народот туку одозгора ја посејаа партиите за кои омразата меѓу обичното сиромашно население е нивниот единствен политички капитал на кој се богатат. Се додека обичниот народ е поделен тие лесно ќе не владеат. Албанците нема повеќе да војуваат ниту за фотељите на Груби и Касами, ниту за лимузините на Мерко, ниту за палатите на Али Ахмети! Тоа време заврши! Левица е спремна да ги поведе обичните Македонци и Албанци заедно во нивно конечно ослободување од економскиот затвор во кој партиите ја претворија Македонија! Смрт на Фашизмот, слобода на Народот!

Президиум на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ