Национализација на текстилните фабрики кои неправедно ќе ги исфрлат работниците на улица

politicka vlast za trudot

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На последниот состанок на „Текстилниот Кластер” кој се одржа неодамна, некои од газдите гласно ја пропагираа идејата привремено да ги затворат текстилните фабрики како еден вид протест за намалените профити. Излезот од ситуацијата според нив би бил во субвенционирање на извозот, замрзнување на придонесите и укинување на платената пауза од 30 минути за ручек на работниците. Нивните барања сесрдно ги подржа претседателката на Кластерот, Маријана Перковска.

Заканите на газдите за привремено затвoрање на фабриките со која се обидуваат да извлечат државни пари претставува најгнасна уцена, чија превисока сметка ќе ја платат текстилните работници и нивните семејства. Македонските газди неспремни и малку да го поделат колачот од енормните профити кои ги остваруваат, немаат проблем текстилните работници кои се едни од најслабо платените и најзагрозените работници во земјава привремено да ги исфрлат на улица! Дури и платената пауза за храна, една од ретки работнички мерки во земјава не сакаат да ја плаќаат.

Малку се профитите кои ги остваруваат преку експлоатацијата која се случува во фабриките, туку сега бараат и субвенции од државни пари кои ќе паднат на грбот на сите граѓани! Значи работниците на два начина ќе ги “спонзорираат” своите газди – еднаш преку експлоатацијата со прениските плати, а друг пат преку ваквите економски политики како “субвенции за приватните фирми”.

Нема крокодилски солзи за изгубените профити на газдите и нема спонзорирање на нивните џипови и приватни авиони од џебовите на обичниот граѓанин! Левица повикува за најстроги казни за секој газда кој ќе се дрзне бесправно да ги остави работниците на улица без корка леб. Понатаму, привремено затворените фабрики да се национализираат и да ги рестартира државата со државен капитал. Истовремено Левица како единствена работничка партија во државата сесрдно им се става на располагање на работниците за помош околу евентуални тужби на газдите и организирање на протести и штрајкови. Газдите мора веќе еднаш да научат дека ваквото однесување нема да им помине!

levica logo tekst

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ