Владата иницира нова еколошка катастрофа во Пелагонија

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Нова еколошка катастрофа се заканува на Пелагонискиот крај, откако Министерството за економија објави неколку јавни повици за доделување концесии за геолошки истражувања на минерални суровини.

Предмет на јавниот повик 3/2019 е доделување на концесија за детални енергетско геолошки истражувања, односно за ископ на јаглен во период од шест години. Станува збор за локалитетот “Забрдо” во Општина Новаци, а судејќи според досегашната практика по овој повик следи и доделување на долгорочна концесија за ископ на јаглен. Ова практично значи дека населените места во Општина Новаци, Битола и околината добива уште еден извор на загаден воздух и потенцијален причинител на канцерогени заболувања.

Наместо инвестирање и поттикнување на создавање енергија од алтернативни, еколошки извори, ова е доказ дека Владата и натаму планира ископ на јаглен во Пелагонија и користење на традиционални, високо загадувачки начин на создавање на електрична енергија. Со ова не само што се загадува воздухот преку пепелта која потоа небезбедно се складира од РЕК Битола, туку и дополнително се уништува квалитетот на земјоделските површини во околината, но и долгорочно се уништува аграрниот потенцијал на овој регион.

За истата општина, Министерството за економија распиша уште еден повик за доделување на концесија, но овој за експлоатација на минерална вода и CO2. Локалитетот се наоѓа во близина на селата Брод и Бач и концесијата е на неверојатни 30 години! Во повикот 2/2019 се предвидува доделување концесија за детални геолошки истражувања за ископ на мермер во близина на селото Ореовец. Со ова ќе продолжи масовната експлоатација на мермерот во близина на Прилеп од што државата има минимални бенефити. 

Изминативе нешто повеќе од 20 години како да не беше доволна експлоатацијата и уништувањето на  огромни површини за ископ на мермер, па очигледно дека Владата дава “амин” за целосно уништување на околината на Плетвар.

Последниот повик се однесува на уште еден локалитет во општина Прилеп. Станува збор за локалитетот “Краста” во близина на селото Бешиште каде се доделува концесија за минералната суровина варовник за период од две години. Не само што нема план и намера за заштита на природните ресурси на земјата, Владата, предводена од Зоран Заев има намера во целост да ги уништи и распродаде сите природни богатства заради нечии профити, на ист начин како што бесрамно тоа го направи со уставното име и националните интереси.

Реакција на Зелен сектор.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ