Поднесено барање за инспекциски надзор

75456948_1805228029621395_1958810978841788416_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Откако анонимно беше пријавено за нови градежни активности во село Радожда (Струга), повторно поднесовме Барање за инспекциски надзор до три надлежни институции. На претходните две наши барања, добивме одговор дека се работи за нелегални градби со решение за отстранување на истите.

Охридското езеро и неговите природни реткости се под директна закана од криминалните бизниси кои неказнето со децении ги водат корумираните политички елити. Градежната мафија во спрега со власта продолжува да дивее несанкционирано, водејќи се единствено од интересот за лично богатење.

Ваквата поставеност на економските односи креира систем кој бескруполозно уништува се’ пред себе – додека последиците од уништените природни богатства, загадениот воздух, урбанистичкиот хаос и опустошените шуми ги трпи обичниот народ. Изолираниот пристап не е доволен за да ги санира ваквите разорни ефекти – потребна е системска промена каде обичниот човек (а не профитот и приватната сопственост) ќе биде највисока вредност!

75456948 1805228029621395 1958810978841788416 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ