Одговорност и пријави за Екоцентар 97, Агрон Буџаку, Насер Нуредини и Јани Макрадули

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Она што се случи во ОХИС претставува само уште една инстанца на агонијата од катастрофални последици во секој поглед (па и еколошки) на приватизацијата во Македонија. Конкретно, еколошкиот геноцид кој оваа Влада го задржи како аманет од претходната на Никола Груевски, не е само резултат на волјата на корумпираните политичари, туку и на нивната потчинетост на силниот приватен сектор и на новопечените газди кои богатството го стекнаа од тридецениската приватизација на јавното. Со овој случај во ОХИС, уште еднаш на површина излегува системското труење на жителите и останатиот животен хабитат наоколу, како и нефункционалноста и апсолутната некадарност на самите институции во држава слепо водена од приоритетите одредени на „слободниот“ пазар.

Три дена во континуитет жителите на околните населени места се жалат на непријатна миризба и штипење на очи, а ниту еден инспектор не излезе на терен за да ги провери овие тврдења. Прва таква задача имаше Инспекторатот за животна средина. Овој инспекторат тоа не го направи се до моментот кога во јавноста не се појавија првите информации за оваа хаварија. Очигледно влијанието на јавноста ги примора инспекторите од Инспекторатот за животна средина да излезат на терен и да ја обават својата должност, за на крај со скромен извештај да ни порачаат да не се грижиме и дека се е под контрола.

Без разлика дали има или нема иманентна опасност, итна одговорност мора да понесе Насер Нуредини, министер во Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Јани Макрадули, заменикот министер, кои се уште пред јавноста не излегоа со сериозно објаснување. Исто така, без одложување мора да се иницира интерна истрага и пријава против инспекторите и одговорните во овој инспекторат за несовесно извршување на својата работа и непочитување на процедурите и правилата за мониторинг и постапување, согласно Законот за животна средина и Законот за управување со отпад.

Три дена компанијата Екоцентар 97 и директорот Владо Момировски знаеле, но не го пријавиле овој настан. Според членот 151 од Законот за животна средина, операторот, во овој случај Екоцентар 97, е должен за настанатата хаварија, веднаш да го извести органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и при тоа да му ги достави податоците за околностите во кои се случила хаваријата.

Оттука, надлежните служби мора веднаш да поднесат пријава и до Екоцентар 97 како правно лице и до Владо Момировски како физичко лице и лице одговорно во правниот субјект.

Законска и морална одговорност сноси и Агрон Буџаку, директорот на Центарот за управување со кризи. Ова надлежно тело беше должно да преземе итни и неодложни мерки во координација со Дирекцијата за заштита и спасување.

ЦУК во ниту еден момент не ги почитуваше стандардните оперативни процедури за прв одговор при радиолошки, хемиски и биолошки инцидент. Директорот Буџаку како одговорен во ЦУК, не ја извести јавноста, но не направи ниту евакуација на местото на настанот и околината и покрај тоа што метил акрилат мономер важи за високо токсична хемиска материја.

Бараме одговори и од Аднан Џафероски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување за тоа дали постапи согласно процедурите и правилата за ваков вид на инциденти.

Јавноста треба да добие информации и дали Јавен обвинител излезе на местото на настанот што претставува и негова обврска. А понатаму, сериозно мораме да размислиме дали обавувањето на вакви должности може да се делегира на приватни фирми, кои одамна покажаа дека не ги следат регулациите, туку напротив, притискаат да се дерегулира се што нив им го намалува профитот, на сметка на безбедноста на граѓаните за што и се носат и предлагаат овие регулации.

Животот е повреден од профитот!

Левица – Зелен сектор

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ