СДСМ во Карпош постави нови стандарди на нетранспарентност

lev

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Скапата пропаганда која ја води локалната власт предводена од Стефан Богоев претставува обид за прикривање на нетранспарентноста во работењето на општина Карпош. Нашиот советник Бранко Ристов постави повеќе прашања до општината за значајни локални проблеми, како постоењето на дефинирана стратегија за намалување на загаденоста на воздухот и извештај за работата на овластените инспектори за животна средина. Согласно деловникот за работа на општината, рокот за добивање одговор е десет дена. Со тоа што изминаа повеќе од два месеци од доставувањето на прашањата, јасно е дека локалната власт на СДСМ грубо ги крши општинските акти, особено кога состојбата со загаденоста на воздухот е алармантна и не смее да има ниту ден одолговлекување, а уште помалку изговори!

Дури и за време на криминалното владеење на Стевчо Јакимовски транспарентоста беше на повисоко ниво од сегашното, со оглед на тоа што седниците беа документирани и нивните снимки јавно се објавуваа. Новата локална власт, наместо да постави нови стандарди во информирањето и инволвираноста на жителите на општина Карпош, таа го укина јавното објавување на снимките.

Тотално нетранспарентен е и начинот на носење на програмите за работа на општината. Како акти од кои зависи визијата какво место за живеење ќе биде Карпош, отсутствува било какво учество од жителите, иако градоначалникот Богоев уште мината година најави дека поголемо внимание и вклученост ќе имаат граѓаните и организациите преку директно икорпорирање на нивни идеи и предлози.

Владеењето на СДСМ во општина Карпош претставува рефлексија од целокупното владеење на актуелната влада, проследено со непочитување на волјата на граѓаните, заштита на градежната мафија, приватизација на јавниот простор, екстремна загаденост на воздухот и немање никаква политичка визија и волја за остварување на основните потреби на своите жители.

Реакција на ЛО Карпош – Левица.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ