На средбата со Борисов, Мицкоски покажа дека нема разлика

59647059_298913241035191_8937467200810254336_o

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На вчерашната средба помеѓу претседателот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, имавме шанса да видиме дека во коленичењето пред другите нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како што нема и во многу други полиња.

Политичар кој претендира да ја има највисоката улога во Македонија – Премиер – како што претендира Мицкоски не смее да дозволи да се однесува на таков понизен начин пред било кого. Оваа политика на вазалство, која е карактеристична за сите бизнис-партии, а пред сѐ СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ троиката, е спротивна на независноста и сувереноста на Македонија и оди вo насока таа независност и на хартија да се укине.

Во разговорот Борисов си дозволува, или поточно кажано Мицкоски му дозволува, да го испрашува таканаречениот „лидер“ на „опозицијата“ за тоа дали неговите ставови се во согласност со интересите на друга држава, имено Бугарија, како да е мало дете. Притоа, Мицкоски понизно одговара на сите прашања задоволувачки, пробувајќи да зборува на бугарски, наместо да разговара само на мајчиниот јазик.

Како капак на сѐ е фактот што самопрогласениот патриот Мицкоски ниту еднаш не го исправи Борисов во неговите ословувања на Македонија како „Северна“. Сите бизнис-партии служат на интересите на капиталот, пред се странскиот како покрупен.

Идните пратеници на Левица нема да гласаат за ниедна влада која нема да ги укине веднаш Преспанскиот и Бугарскиот договор!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ