ОТВОРЕН ВИКЕНД СО ЛЕВИЦА

80114213_467934104133103_6968071708859170816_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Ги известуваме сите наши сограѓани, симпатизери и членови кои, поради работни или други обврски, сè уште не успеаја да се потпишат во процесот на пререгистрација на Партијата – дека овој предновогодишен викенд ќе можат да го сторат тоа во нашето седиште, кое се наоѓа во општина Центар – на улица „Мирослав Крлежа“, број 20, влез 1, кат III, стан бр. 12 – Скопје (до Грчка амбасада, во стаклената зграда спроти кафе „Излет“).

Оваа сабота и недела (28 и 29 декември 2019), од 12:00 до 15:00 часот, посетете ја нашата Централна канцеларија и преку непосреден разговор со претседателот на Левица – доц. д-р Димитар Апасиев, заедно со највисокото партиско раководство од Президиумот и ЦК, изнесете ги своите лични ставови, предлози и идеи за нашата предизборна Програма, станете член на Левица или, пак, едноставно придонесете во процесот на пререгистрација, со брзо пополнување Ваша Изјава на лице-место (пред присутниот нотар).

Сите граѓани и секој поединец кој не го прифаќа триесетгодишното статус-кво е добредојден на отворената средба.

p.s. Додека нема Правда за народот – нема да има ни мир за елитите!

#ПотпишиСеЗаТретаОпција

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ