Скопје како концентрационен логор – Шилегов во зимски сон

lev

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Скопје бележи нови рекорди на загаденост со кои и понатаму останува на врвот на градови со најзагаден воздух во Светот. Изминатиот период во повеќе скопски населби индексот за квалитет на воздухот ја помина границата 500, што е екстремно високо и ризично по здравјето на граѓаните.

Очигледно тоа не е доволно за градоначалникот Петре Шилегов да преземе итни мерки за намалување на загадувањето, па и натаму, заедно со Макрадули и останатите министри и одговорни лица од владеачката коалиција продолжува со својот зимски сон во кој се наоѓа веќе три години. Чистиот воздух беше еден од столбовите во изборната кампања на СДСМ и Шилегов, а сега неиспорачувајќи ниту минимум од ветеното, непризнавајќи дека има екстремна загаденост на воздухот се кријат во своите кабинети убедувајќи дека ова е година со најмалку загаден воздух.

Левица, во интерес на граѓаните бара реакција на сите надлежни преземајќи ургентни, краткорочни и неодложни мерки со цел итно намалување на загаденоста. Оттука, предолжуваме забрана за увоз на отпад и други токсични материи; забрана за работење на големите индустриски капацитети со А интегрирана еколошка дозвола; воведување на бесплатен јавен превоз; деноноќни патроли на инспекторите; бесплатна струја за социјално ранливата категорија на граѓани и итно укинување на ДДВ-то за електрична енергија и други еколошки енергенси кои се користат за затоплување на домовите.

levica logo tekst

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ