Нов напад на Владата врз идентитетот на Скопје

Дебар-Маало

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Додека прославите се во полн ек, урбаната мафија со дозвола на Владата повторно го пустоши културното наследство на Скопје. Овој пат на мета е објект од културно и историско значење за македонскиот народ, лоциран во фреквентната населба Дебар Маало.

Овој објект е изграден во 1930 година и претставува наследство од непроценлива вредност кое сведочи за архитектурата од минатиот век. Шокантно е тоа што објектот во стариот ДУП е запишан како заштитен објект од втор степен кој придонесува за историскиот амбиент на градот. Наместо вложување средства во реставрација и зачувување на ваквите објекти, Град Скопје одлучува да ја продолжи страшната урбанизација на градот која нѐ голта секојдневно во своите масивни објекти, кои според ниедни еколошки критериуми не одговараат на потребите на Скопје!

Не е прв пат оваа влада предводена од СДСМ во урбанистичките планови да иницира промени кои се на штета на културните богатства на нашата држава, но ова е потег за кој нема да молчиме. Левица ги повикува Општина Центар, Конзерваториски Центар – Скопје и Град Скопје во најскоро време да дадат образложение за ваквите постапки и да понудат одговори на матните прашања поврзани со објектот.

Кој ја повлече заштитата и како течел процесот на преименување на оваа куќа од заштитен во обичен објект кој може да се руши? Кои се причините за неиницирање на реставрација и заштита на овој објект кој многу пати беше мета на вандализам? Итно бараме транспарентни информации и понесување одговорност за нанесената штета на град Скопје, како и соодветно санкционирање за виновниците.

Дебар Маало

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ