Богоев два месеци молчи за барањата на Трнодол

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На 17-ти октомври на седницата на општина Карпош советникот Бранко Ристов поднесе дванаесет барања потпишани од 450 жители на населбата Трнодол. Дванаесетото барање и најостварливото беше овие барања да се објават во „Карпош Ин”, општинското списание за кое општината издвојува 2.000.000 денари годишно.

Ова барање после речиси два месеци сѐ уште не е исполнето. Ваквиот недемократски пристап од страна на локалната власт на СДСМ јасно говори за немањето политичка волја да се решат и најосновните барања на жителите на општина Карпош.

Речиси три илјади евра по број се трошат за списание во кое не се објавуваат соопштенија, нема записници од седници на Совет и нема програми кои се планирани од страна на општината! Иако ребрендирањето на општината беше најавено како постигнување на целта „44 страни вистина, а не маскирана реалност“, во реалноста ова списание претставува само уште една ПР-алатка на Стефан Богоев за маскирање на неспособноста на локалната власт.

karpos

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ