Макрадули и „Али Експрес” министерот веднаш да си поднесат оставка

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Последната несмасна изјава на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули е вистински одраз на манипулативноста, безидејноста и крајно штетниот однос што Владата на СДСМ го има кон населението.

Во време кога Скопје и други македонски градови секојдневно се на врвот на листата на најзагадени градови и кога жителите се изложени на штетни влијание врз нивното здравје и живот, Макрадули наместо реализирање на предизборните ветувања, се обидува со трагокомични изјави да си го обели образот и да ја избегне одговорноста.

На жителите не им се потребни Али Експрес сензорите, а ниту спиновите финансирани од подземјето на Бихаќка, за да видат колку е загадено Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица и останатите градови. За жал сите ние секојдевно сме сведоци на оркестрираното труење и претворањето на градовите во големи концентрациони логори поради што секоја година умираат по 3.500 жители.

Оттука Левица повикува на одговорност. Редно е Јани Макрадули и “Али Експрес” Министерот за животна средина да покажат барем малку доблест и да си поднесат оставка. Тоа е најмалку што во моментов може да направат во интерес на жителите.

levica logo tekst

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ