Профитот може да почека, дишењето НЕ!

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Подолг период аерозагадувањето во државава урива рекорди. Едно од предизборните ветувања на актуелната власт беше најавата на бескомпромисна борба со загадувањето. Тоа беше пред три-четири години. Сега – не важи. Важеше додека успеаја да седнат и да заседнат во владеачките столчиња. Номиналните социјалдемократи, реални неолиберали, брутално ја злоупотребија, па ја згазија Шарената револуција и нејзините заложби. Сега се обидуваат да згазат и чекор потаму. Не напред, за жал. Туку уште поназад. Откако средношколците решија дека им е доста од отруен живот, од градови и села кои дишат на шкрги, најавија протест за да си кажат што им е најитно.

Властите, до вчера згадени од загадувањето во име на остварување профит, денес видно се вознемирија. Дежурните апологети побрзаа да им дадат партиски предзнак на оние кои уште немаат ниту гласачко право, не можат да бидат номинирани, ниту пак да избираат кој ќе ги троши парите што на нивните родители им се одземаат во име на даноци и разни други давачки. Други, за жал, надлежни во училиштата каде што учат младите луѓе, побрзаа да направат сè што можат да ги замолчат. Едни се закануваа вербално, други се обратија со декрети, небаре царштина да им се училиштата. Трети беа покреативни- им навлекоа на учениците маски, па ги седнаа во училишните клупи- пасивно, ем послушно да … протестираат?!

И сè тоа да било во интерес на учениците. Со цел да вежбаат неолиберална „демократија“ од прва рака. Едноставни се правилата: смеат да имаат свое мислење ако истото се подудира со тоа на надредениот, смеат да зборуваат ако им биде дозволено и смеат да протестираат, ама не против надредениот.

За среќа, доволен број млади луѓе и покрај сè излегоа да го искажат своето незадоволство од политиките кои се виновни за аерозагадувањето бидејќи поважни им се ПРОФИТИТЕ на капиталистите од правото на чист воздух од граѓаните. Тоа се тие политики кои го имаат озаконето увозот на отпад, кои го толерираат емитувањето штетни гасови од фабричките оџаци чии сопственици „немаат средства“ да вградат соодветни филтри, кои со прст немаат мрднато за вложување во обновливи извори на енергија, кои потпишуваат концесии за рудници, итн,итн.

За среќа на граѓаните, а за несреќа на оние кои ги успиваат- поретко со приказни, почесто со шлаканици- граѓанската свест се буди. Незапирливо. Вообичаено, први во куќата се разбудуваат децата.
Ги замолуваме да бидат доволно гласни за да успеат и родителите да ги разбудат од длабокиот сон, затоа што профитот може и да почека, ама дишењето НЕ!


Реакција на ЛО Кочани.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ