Велес, разбуди се!


Бобан Кочовски
Член на Централниот Комитет

Нашиот сакан град, градот на Рацин, на Гемиџиите, место каде што се родиле многу големи луѓе од историјата на Република Македонија, за жал е доведен во ситуација да го водат неспособни луѓе кои своите интереси ги ставаат пред интересите на сите граѓани на Велес. Секако, ова се однесува на членовите на Советот, каде што во премолчана коалиција СДС и ДПМНЕ ја креираат општинската политика, но да не го заборавиме и градоначалникот Коцевски.

И не, ние нема никогаш да ги прочитаме или чуеме реалните факти во врска со оваа проблематика од страна на нивните симпатизери, платена армија членови и поткупени медиуми … Напротив , сите останати ќе бидат наклеветени (па дури и навредувани во процесот) се со цел да се тргне фокусот од нивното криминално работење. Тие дури и испраќаат партиски членови и симпатизери да прават притисоци кај искрените и чесни луѓе кои им ги поткупуваат нивните лукративни цели и интереси.

Токму затоа, како дел од Левица – партија која што никогаш не била дел од скандали, која што секојдневно е таргетирана од страна на северџанските потрчковци кои за некој долар повеќе се спремни и сопствената мајка да ја оцрнат, а камоли некоја искрена работничка партија која што им ги поматува плановите за класно уништување на народот во Република Македонија – можам со мирна совест да ги констатирам ветените, но не и исполнети проекти на моменталната општинска власт предводена од СДС, со што би се задржал само на според мене најважните. Бидејќи ако ги набројувам сите ветувања кои што не се исполнети од една рекетарска и криминална владејачка багра, би ми требале десетина вакви текстови.

Ветено – неисполнето бр.1

Ајде да почнеме од она што мене лично најмногу ми смета , поради фактот дека е во прашање човечки живот – ветија народна кујна за бездомниците и социјално загрозените лица, НЕ ГО ИСПОЛНИЈА ТОА! Знаете ли како е да се живее без корка леб и со згазено човеково достоинство? Се надевам дека нема никогаш нема да треба да дознаете. Но, очигледно заевистичкиот режим повеќе за грижи за спроведување на Законот за јазици и поставување на табли за двојазичност, наместо да реши проблем кој што е од далеку поголема важност за обичниот човек .

Ветено – неисполнето бр.2

Бројот на возила во Велес е голем со тенденција за раст, а бројот на паркинг места е екстремно мал. Дополнително на тоа, голем број од паркинг местата низ улиците во градот се блокирани од страна на Општина Велес поради како што велат тие ‘’почитување на законските прописи‘’, со што се создаваат повеќе проблеми наместо решенија. Точно е дека возилата не треба да бидат паркирани каде што секој ќе посака, но во ситуација каде што нема паркинг места, жителите почнаа да паркираат на тротоарите – со што пешаците се принудени да се движат по коловозот каде постои опасност за нивното здравје и живот! Значи , второ ветено – неисполнето е : Катна гаража во центарот на градот и градски паркинзи над железничките пруги во Велес .   

Ветено – неисполнето бр.3

Што да кажеме во врска со пазарџиите? Луѓето културно и навремено ги подмируваат нивните обврски за наем на простор каде што би заработувале за гола егзистенција, а дали Општината ги оствари ветените проекти за нив? Секако дека не. Ветениот Трговско Деловен Центар ‘’Градски Пазар‘’ на секои избори е ударна вест уште од пред десетина години … Со ваквото темпо на остварување на проектите можеби внуците на нашите внуци ќе дочекаат да видат како ќе изгледа овој објект . 

Ветено – неисполнето бр.4

Гасификација во секој дом. Во градот каде секое спуштање на температурата руши рекорди на загаденост, владата со нејзиниот таканаречен План за живот нема никаква волја да преземе сериозни мерки за намалување на загаденоста, освен скап ПР и субвенционирање електрични тротине.

Велешани, доста беше спиење! Доста беше допуштањето вакви партии да ни го уништуваат градот! Дајте ја својата подршка на единствената политичка партија која што се залага за народот , последната сламка за спас на нашиот град – Левица! Триесет години спиевме додека досегашните политички партии нѐ искористуваа! Доста беше!

ВЕЛЕС РАЗБУДИ СЕ !