За шест часовен работен ден!


Капитализмот создава резервна армија на работници – луѓе кои активно бараат работа, а не можат да се вработат. Оваа резервна армија создава конкуренција и ја намалува вредноста на работната сила, неретко пониска и од минималната плата, притоа создавајќи антагонизам помеѓу вработените и невработените. Во Македонија, барем еден од пет луѓе бара работа и ја сочинува оваа резервна армија.

Од друга страна, доколку ова население се вработи, без значително да се промени обемот на општественото производство, работното недела без проблем ќе се намали за еден ден, или работното време ќе падне на барем 6,5 часа. Потребна е работничка, а не бизнис власт, за да го разреши антагонизмот помеѓу вработените и невработените во корист и на двете групи, а не во корист на сегашната владеачка класа, која за да оствари поголем профит, го изгладнува народот.

#ПриклучиСе
#За6ЧасовенРаботенДен