Стоп за експлоатацијата на водата од профитерите на власт

82083655_2673794899406355_1528474063444377600_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица безрезервно ги поддржува жителите на селото Гари и најостро ја осудува одлуката на Министерството за Економија за доделување на концесија за експлоатација на питка вода во селото Гари.

Во време кога светот се соочува со недостаток на пивка вода, Владата на СДСМ ги продолжува практиките на ДПМНЕ и продолжува да ги распродава изворите на чиста вода и останатите природни богатства. Сето тоа на штета на жителите и иднината на земјата, но во корист на крупните профитери кои заедно со политичките платеници работат ја разграбуваат Македонија.

Бараме итно раскинување на договорот за концесија и враќање на изворите во владение на месното население. Дополнително, ги повикуваме надлежните институции да го раскинат и договорот за екплоатација на вода од страна на “Мали Лошињ”, компанија која доби концесија за експлоатација на изворите за вода во близина на селото Гари. Левица се залага за национализација на водните ресурси како круцијални и стратешки ресурси и ставање на крај на досегашните практики за издавање на концесии за експлоатација на вода и други природни богатства.

82083655 2673794899406355 1528474063444377600 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ