Социјалниот шок предизвикан од лошите економски политики на власта е плоден терен за пораст на коцкањето

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Македонската коцкарска индустрија, во последните неколку години, е во постојан раст. Државата и нејзините институции одиграа клучна улога во процесот на стимулирање на оваа индустрија. Законот кој им овозможи богата понуда на кладилниците и коцкарниците беше донесен 2011 година, како дел од пакет законите кои имаа за цел олеснување на реализацијата на странските инвестиции.   

Социјалниот шок, кој македонскиот народ го доживеа како резултат на нео-либералната трансформација на економијата пропратена со криминалната приватизација и понатамошната акумулација на богатството во рацете на мал број криминални поединци, допринесе кон создавање на поволни околности за развиток на коцкарската индустрија во Македонија. Ваквите околности на социјален дисбаланс и руинирана економија, дополнително допринесоа во ширење на капиталистичката пропаганда за брзото збогатување како ултимативна општествена и лична цел. Следствено, народот, во очај и несигурност поради сиромаштијата и невработеноста од една страна, и отсуството на сериозна државна (социјална) поддршка од друга страна, посегна кон комарот како единствена надеж за излез од немилосната ситуација во која се наоѓа.   

Со одлуката Државната видео лотapија да потроши над 6.5 милиони евра за купување нови 1.500 апарати за кoцкaњe, владеачките елити, по којзнае кој пат, докажуваат дека апсолутно се неспособни за изготвување на развоен модел за македонската економија кој ќе биде заснован на продуктивни и одржливи работни места. Напротив, државата во рацете на овие владеачки структури, заедно во спрега со странскиот капитал, стана соучесник во искористување на очајот на своето население предизвикувајки сериозни социо-психолошки проблеми. 

Сметаме дека е потребна строга и ригорозна регулација на коцкарската индустрија, воедно и нејзин третман како порок на модерната доба од кој народот треба да се одвраќа, а не да се стимулира. Регулацијата на овој сектор мора да има за цел, покрај драстичното намалување на ваквите објекти на ниво на целата територија на државата, туку и нивно дистанцирање далеку од просторот на секојдневието на македонскиот работник.


20.I.2020
Скопје

82797848 828396164255189 2193448924872704000 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ