Класичен предизборен поткуп и уцена од страна на владеjaчката СДСМ

83261451_138447867158423_1654675041712865280_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Тоа што Владата го обелодени преку министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски дека е „постигнат“ грански колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ, не само што е класичен предизборен поткуп, туку и сериозен системски директен притисок и уцена од страна на владејачката партија СДСМ кон работниците од државната администрација.

Повеќе од очигледно дека во овој случај е направена најгруба злоупотреба на учеството во власта со дополнителна партизација на државната администрација, и тоа на директна штета и товар на граѓаните. Впрочем, на овој начин сите владејачки партии до сега и си ја одржуваат „поддршката“ на избори. Имено, користејки го буџетот на државата, злоупотребуваќи ги нејзините институции, како и искористувајќи ја општата социјална состојба на работниците вршат уцена и притисок до вработените од државната администрација, претворајќи ги во партиски војници и стадо гласачи на избори.

Преку оваа практика на владејачките партии сме доведени во состојба каде државната администрација, квантитативно е предимензионирана, а дополнително секоја партија на власт вработува непотребно нови партиски кадри. За квалитетот на вработените пак доволно говори фактот што тие, како што признава и самиот министер Манчевски, земаат плата додека седат дома!

levica logo tekst

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ