СДСМ продолжува со узурпацијата во градот на Унеско

89069296_138104921030943_2075533986490220544_o

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Таткото на градот наместо да се бори за Охрид да го зачува својот статус во УНЕСКО тој и натаму продолжува да биде соучесник на градежната мафија во узурпирањето на јавниот простор. За ова сведочи и конкретниот случај со кој се соочуваат станарите на зграда во населба Билјанини Извори. Тие водат битка години наназад со урбаната мафија. И покрај тоа што сите правни аргументи (решение за експропријација и пресуда на Апелациониот суд за целосно обештетување на поранешните сопственици) се на нивна страна, институциите остануваат глуви за нивниот проблем.

Имено се дозволува градење на објект кој целосно е во спротивност на основните начела на просторното и урбанистичко планирање. Споменатиот објект целосно ги нарушува начелата на рамномерниот просторен развој, условите за хумано живеење и заштита и унапредивање на животната средина. Очигледно е дека друштвото за просторно и урбанистичко планирање при изготвување на деталниот урбанистички план постапувало целосно непрофесионално, неодговорно и крајно спротивно на претходно споменатите законски начела.

Каде е државното правобранителство јавно да се произнесе за конкретниов случај во кој е должно да постапи бидејќи станува збор за земјиште со можна државна сопственост и е должно да провери движење на имот, односно дали за експроприраното земјиште поранешните сопственици се обештетени.

Крајно време е да се стави крај на ваквиот непрофесионален и неусогласен начин на работење на државните институции, кои од осамостојувањето па се до денес се раководени од некомпетентни партиски кадри поставени од ДП*НЕ и СДС.


Реакција на ЛО Левица – Охрид.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ