Градоначалникот Сашо Поцков да распише референдум за зонско паркирање

83261451_138447867158423_1654675041712865280_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

83925147 1510712742421239 6124731034631143424 n.jpg? nc cat=103& nc sid=f2c4d5& nc eui2=AeHKBLWuufmTjRyU9M16gYtvjdmaINvuIBf ubpsuCbmrePMTTKtvJB2y8Lv0 NeGMRuyYh06PW8 dIpwnfi9sPfe8kdHy1J4u CipvLpJeDNw& nc ohc=LQNSeByyDUUAX96 TNo& nc ht=scontent.fskp2 1
Саше Јанчев
Модератор на ЛО Гевгелија

Во границите на една држава најголемата моќ е сконцентрирана во државниот апарат. Проблемот со големата моќ е што таа тера на нејзина злоупотреба од страна на избраните функционери. Затоа во демократските општества, покрај редовните избори, има уште два инструмента со кои граѓаните се штитат од злоупотреба на таа моќ. Тоа се легалитет и легитимитет.

Легалитет значи дека избраните функционери политиките мора да ги спроведуваат во уставни и законски рамки оти во спротивно има тиранија.
Легитимитет значи дека избраните функционери мора да ги спроведуваат само политиките кои ги ветиле пред избори. Во спротивно, кога се спроведуваат различни или спротивни политики од ветените, имаме класична злоупотреба на власт или популарно кажано РЕЖИМ.

Градоначалникот и мнозинството во Советот немаат легитимитет за проектот зонско паркирање затоа што пред избори не ветија дека ќе наплаќаат паркинг на веке постоечките паркинзи, ами ветија нови паркинг места.

Затоа Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков и мнозинство во Советот, јавно ве повикуваме да распишете референдум по ова прашање. Или ќе го добиете легитимитетот кој сега го немате или нема да го добиете, но во секој случај ќе покажете дека не сте режим и дека демократски ја практикувате власта.

https://www.facebook.com/levicagevgelija/videos/1510709002421613/

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ