Поднесена пријава за кршење на работничките права

20200319_160803-735x400-1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

Kако единствена партија која се залага за правата и интересите на работничката класа, овој период добиваме голем број пријави за ненајавени отпуштања, доцнење со плати и непочитување на препораките за заштита на работниците во време на светска пандемија.

Додека сѐ уште нема одговор од поранешниот вицепремиер Анѓушев за 120 избркани работници од неговата фирма „Каст Инвест”, добивме нови поплаки за загрозување на безбедноста на работниците во уште една странска компанија. Станува збор за фабриката „Џојсон Систем Сејфти“ (поранешно „Ки Сејфти Системс“) која е лоцирана во технолошко индустриската развојна зона во Кичево. Според нашиот извор, во оваа фабрика работниците (кои што се во број поголем од 1000!) сѐ уште немаат добиено елементарни средства како сапун, маски, ракавици со кои што ќе се придонесе за заштита и превенција од корона вирусот. Дополнително, во компанијата не се почитуваат мерките за одалеченост, при што огромен број од работниците се сѐ уште распоредени во огромни групи со кои што се зголемува опасноста од ширење на овој вирус.

Станува збор за уште еден странски капитал кој е олицетворение на бруталната експлоатација врз работниците со цел акумулирање екстра профит, при што корумпираните владејачки елити се обидуваат да ги протнат истите под превезот на “странски инвестиции и економски развој”. За тоа сведочи и случајот пред две години кога работници беа избркани токму од оваа компанија поради обиди за синдикално организирање.

Конкретниот случај веќе е пријавен до Државниот Инспекторат за Труд и Државниот Пазарен Инспекторат и очекуваме соодветен и навремен одговор од надлежните институции. Иако правните механизми за заштита на работниците континуирано се минираат од капиталистичката владејачка класа, во периодот што следи Левица ќе ги искористи сите механизми кои ни стојат на располагање против самоволието на капиталот и неговите владејачки елити.

20200319 160803 735x400 1

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ