Пријава за конфекцијата „Елина” за кршење на работничките права

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Ја известуваме јавноста дека до политичката партија Левица стигнаа неколку пријави за незаконито работење во модната конфекција „Елина“ од Велес. Пред извесен период објавивме и за нерегуларности во оваа конфекција во однос на непочитување на мерките за заштита и превенција на корона вирусот, како и за фактот дека работниците кои што имаат малолетни деца до 10 години не биле ослободувани од работните обврски.

Имено, согласно она што ни беше пренесено, раководните лица во оваа конфекција не ја исплаќале законски предвидената плата, работењето за викенд и прекувремено воопшто не се евидентирало, регресот никогаш не се исплаќал поради разни манипулации од страна на правниците во оваа конфекција кои што претставувале лажна загуба на фирмата.

Дополнително, раководните лица користеле навреди и закани кон своите работници, со цел да спречат евентуално пријавување во Државниот инспекторат за труд. Оние работници кои што ги пријавиле сите претходно наведени нерегуларности во Државниот инспекторат за труд биле казнувани парично при исплаќањето на платите.

Сите овие нерегуларности се пријавени до Државниот инспекторат за труд и до Државниот пазарен инспекторат, и очекуваме соодветна реакција од надлежните институции. Истовремено, уште еднаш ги охрабруваме работниците да ги пријавуваат ваквите нерегуларности, нашиот Правен Сектор секогаш им стои на располагање.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ