Бројот на инфициран медицински персонал расте и никако да престане

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Бројот на инфициран медицински персонал расте и за жал “мерките” кои што ги предложи Владата не нудат ни најмала можност за редуцирање на бројот на заразени. Како последица на тоа, целосно се затвораат цели оддели и здравствени установи низ повеќето градови во Републиката , без замена за персоналот кој е во самоизолација.

67692283 10216740509699301 2057583866461290496 n 150x150 1
Доктор Адриана Василевска

Дали затворањето на интерното одделение, лабораторијата и рентген во струшката болница како и многубројни други слични случаи низ државата е со цел статистички да се намали бројот на заразени,хоспитализирани и починати од корона вирусот ?

Дали затворањето е решението или редовна дезинфекција на болничките простории и одделенијата, било тоа да е со дезинфициенси или со УВ ламби? Решението е едноставно, недостасува само да се издвојат финансии за него. Во однос на човечките ресурси кои се бројат на прсти, доволно би било прво персоналот да се заштити од глава до пети насекаде, со оглед на тоа дека болниците стануваат епицентри на ширењето на заразата (како што тоа беше случајот со Универзитетската клиника за дерматологија, Центарот за рехабилитација во Козле и многу други.

Место тоа, медицинските работници се приморани сами да се снаоѓаат и сами да си купуваат заштитна опрема, одделувајќи од својата плата која не бележи никакво покачување од почетокот на пандемијата, што не е случај со платите на нивните колеги од соседството. Пример е Албанија, каде платите на докторите се зголемени за 1000 евра, а на останатиот персонал за 500 евра.

Нешто што плус придонесува за хаосот и ја потенцира неспремноста на институциите е тоа што пациентите и докторите веќе наидуваат на проблеми со алгоритмите дадени од Министерството и системот за издавање упати за тестирање на сомнителните случаи. Селекцијата за избор на пациенти кои би биле евентуално тестирани е престрога, и многу од пациентите кои имаат симптоми најверојатно се приморани да лажат во својата епидемиолошка анамнеза т.е. дека биле во контакт со заразено лице за да можат да го направат тестирањето кое инаку не би го добиле.

Со оглед на тоа дека ситуацијата е надвор од контрола и дека многу од специјалистите-епидемиолози укажуваа на тоа дека вирусот повеќе не се шири верижно или од човек на човек за кој се знае дека е позитивен па со тоа се сече ланецот на трансмисија, туку веќе станува збор за community spread (ширење во заедница/област) каде имаме повеќе заразени кои не знаат од каде или преку кој се заразиле. Оттука следува и неопходноста за масовни тестирања на пациенти со симптоми кои не биле или не знаат дали биле во контакт со заразено лице. Масовни тестирања се неопходни за детектирање и на асимптоматските носители кои немаат симптоми, а го шират вирусот, односно таканарачени „silent carriers”

Како за крај, сумата од 5 милиони евра која што Владата ја предлага како дополнителни средства за помош на здравството е приближно еднаква со сумата која Владата планира да ја исплати за популистичкиот проект Мој ДДВ, кој во вакви вонредни услови не нуди никаква помош на граѓаните, а сепак Владата не смогна сили да се откаже од своите популистички мерки и да ги пренамени средствата онаму каде што се најпотребни во моментот – за заштита на медицинскиот персонал .

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ