Избрзаната владина одлука за целосен полициски час го зголеми ризикот во Куманово

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Владата на Р. Македонија, денес донесе одлука за целосна забрана за движење на населението во Општина Куманово за време на викенд почнувајки од 21:00 часот во петок до 05:00 часот во понеделник.

Одлуката беше донесена само неколку часа пред почетокот на забраната за движење (полициски час), и како резултат на тоа сведоци бевме на вистински хаос во градот! Редици и редици луѓе збуткани еден до друг чекаа пред прехрамбените маркети и аптеки, во страв дека за викендот ќе останат без потребните намирници и лекови. На посебен ризик беа изложени пензионерите како најранлива група во целава ситуација!

Оваа крајно необмислена и избрзана одлука ја става цела Општина Куманово на уште поголем ризик од ширење на заразата! ЛО Куманово на Левица апелира до надлежните оваа одлука под итно да се преиспита зошто ќе направи повеќе штета од корист. И во иднина одлуките да не се носат избрзано и во последен момент и да им се даде време на граѓаните да се прилагодат на новонастанатата ситуација.


Реакција на ЛО Левица – Куманово.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ