Во време на криза се носи одлука за издавање книжни пари со изменети белези

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Наместо донесување на сериозни одлуки за амортизирање на финансискиот колапс, што во последниов период се случува во целиот економски сектор, а најпогодени се работниците и сиромашните, во време на вонредна состојба советот на Народната банка на Република Македонија донесува одлука за изменување на одредени белези на банкнотите?

Гувернерот и претседавач на Советот на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, донесува Одлука со која, меѓу другите измени, ќе се печатат пари на кое ќе фигурира името “Северна Македонија” и “Народна Банка на Северна Македонија”!? Во период на можеби најголеми предизвици од осамостојувањето до денес, колку средства ќе треба да се издвојат дополнително од буџетот за спроведување на оваа одлука? Остануваме запрепастени од несериозноста на институциите кои тотално ги имаат испревртено приоритетите во една ваква деликатна ситуација.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ